ЈАВНИ УСЛУГИ: KОЛКУ ДОЛГО ЌЕ СЕ „ВЛЕЧЕТЕ“ ПО ШАЛТЕРИ ЗАВИСИ ОД ВАШИТЕ ВРСКИ И РАСПОЛОЖЕНИЕTO НА АДМИНИСТРАТИВЕЦОТ
Foto

ЈАВНИ УСЛУГИ: KОЛКУ ДОЛГО ЌЕ СЕ „ВЛЕЧЕТЕ“ ПО ШАЛТЕРИ ЗАВИСИ ОД ВАШИТЕ ВРСКИ И РАСПОЛОЖЕНИЕTO НА АДМИНИСТРАТИВЕЦОТ

Дали сте Македонец, Албанец или Ром, дали имате познаници во аминистрацијата или политички врски, од тоа зависи и каков третман ќе добиете од институциите. Вака ќе ви речат граѓаните ако ги прашате какво е нивното искуство, чекајќи на шалтер.

- „Ако имаш врски одма оди, те чекаат на шалтер ајде..е тоа не чини кај нас, тоа да се искорени ќе биде добро ама не може, влезено ни е во крвта.“ - анкета.

Ова мислење го делат повеќе од половина од граѓаните, покажува истражувањето на Центарот за управување со промени и Асоцијацијата Зенит. Едни фаќаат врски, други се надеваат дека баш тој ден, службеникот нема да го начекаат во лошо расположение.

- „Кога некаде не се однесуваат добро, тоа ми останува мене во сеќавање и кај секој друг. Едноставно почнува и граѓанинот така да се однесува“ - анкета.

Каква јавна услуга ќе добиете, зависи дури и од етничката припадност, посочуваат истражувачите, во нивната анализа, направена преку теренска и телефонска анкета на 1500 испитаници во текот на минатата година.

- „Зошто се незадоволни, значи како причина се наведува, времетраењето, нељубезноста, и преобемната документација.“ - изјави Розалија Карчицка Василевска – експерт, истражувач.

Надлежните пак, за решавање на системските аномалии, најавуваат масовна дигитализација на институциите.

- „Во следниот период со поддршка на ЕУ, ќе го пуштиме во употреба новиот национален портал за електронски услуги, тоа ќе значи дека граѓаните ќе може да добијат услуги со само неколку клика на својот уред каде и да бидат.“ - Дамјан Манчевски – министерство за информатичко општество.

Но, за да почне да се гради дигитална инфраструктура, прво треба да се изгради нормална инфраструктура за физички пристап до институциите за сите граѓани, особено за ранливите категории и лицата со хендикеп, кои се уште на шалтер мора да одат со придружник.

0 Коментари

Остави коментари