Јавната администрација за една година се зголемила за повеќе од три илјади лица
Foto

Јавната администрација за една година се зголемила за повеќе од три илјади лица

Јавната администрација се зголемува. За една година има 3 346 повеќе вработени во јавниот сектор.Според најновите податоци што ги објави ресорниот министер во државните институции работат вкупно над 132 000 лица.

Заедно со вработените во јавните претпријатија и акционерските друштва со државен капитал, како што се ЕЛЕМ и МЕПСО таа бројка се искачува на 143 184. Кај овие акционерски друштва и ЈП бројот на администрација е зголемен за над 800 во однос на лани. Министерот се правда дека зголемувањето е резултат на вработувања во болниците, градиниките и училиштата, кадар што и недостасувал на земјава.

Манчевски тврди дека бројот на административните службеници односни државнте чиновници кои се вработени по министерствата е намалена, иако регистарот покажува дека и таму има зголемување за нови 20-тина вработувања во споредба со лани. Опозицијата, пак ја обвини власта дека пред избори распишува огласи за вработувања во Царината. Од ВМРО ДПМНЕ огласот го оценија како можност за поткуп во изборни цели. 

Од Царинската Управа пак ги демантираат обвинувањата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека управата ниту вработува ниту објавува огласи за врбаотувања во дневни весници. Станува збор за објава на оглас за доделување на договор за јавна набавка за услуга за привремено вработување. Набавката, велат била согласно законите.

Инаку, токму намалувањето на администрацијата беше една од главните заложби на актуелната влада кога беше опозиција, која вети реорганизација со цел да се зголеми квалитетот на услугите за граѓаните.

0 Коментари

Остави коментари