Јапонска помош од 663 000 евра за Националната опера и балет
Foto

Јапонска помош од 663 000 евра за Националната опера и балет

Грант од 663.000 евра за подобрување на изведбите во националната опера и балет беше потпишан денес помеѓу Амбасадорката на Јапонија Н:Е Кеико Ханеида , Заменик претседателот на Владата за Европски Прашања, Бујар Османи, извршниот директор на Јапонската агенција за меѓународна соработка , Џиро Такеичи  и директорот на НОБ, Васо Ристов.

Ова е втор гранд од овој вид за Македонија, откако во 2001 година со јапонска донација беа обновени инструментите во Националната филхармонија.

Одговорноста за спроведување на овој проект е во надлежност на Јапонската меѓународна агенција за соработка, како агенција на владата на Јапонија.

Оваа година Јапонија и Македонија одбележаа 25 години од воспоставување на дипломатските односи со голем број на активности ,кои говорат за силното взаемно  пријателство и континуирана соработка,  потпишувајќи дополнително и нови 6 помали грантови како подршка за реформи во земјата.

0 Коментари

Остави коментари