ЈАНУШЕВ: ПРИКАЗНАТА ОД 19 ОКТОМВРИ СЕ ПОВТОРУВА
Foto

ЈАНУШЕВ: ПРИКАЗНАТА ОД 19 ОКТОМВРИ СЕ ПОВТОРУВА

Кривичниот суд денска го прифати во целост обвинението на СЈО за случајот Талир кое се однесува на незаконско финансирање на ВМРО ДПМНЕ во кое покрај екс премиерот Груевски меѓу обвинетите е и пратеникот Илија Димовски . Ваквата одлука денеска веднаш најде на критика од страна на опозициската ВМРО ДПМНЕ од каде обвинија дека ова е уште еден обид на власта за груб политички притисок за како што рече генералниот секретар на партијата Јанушев - брутално замолчување на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на уставните измени за промена на името и идентитетот.

- „Фабрикуваните обвинувања во случајот Талир е чиста политичка конструкција, која нема врска со правото, туку со политиката на Заев за уцени и притисоци. Власта соочена со неприфаќањето на граѓаните на уставните промени се обидува со секое можно средство да ја угуши секоја критична мисла и сила која се спротивставува на антидржавните политики на СДСМ и Заев, кои одат во спротивност со македонските национални интереси.“ - изјави Игор Јанушев Генберален секретар на ВМРО ДПМНЕ.

Одлуката на судот за ТАЛИР се случи непосредно во предворието на уставните измени. Покрај екс премиерот Груевски и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски кој учествуваше во дел од комисиските расправи за уставните измени обвинети во овој случај се Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Сепак на Чингаровска нема да и се суди, бидејќи таа неодамна доби двегодишна условна казна откако се спогоди со СЈО и призна вина.

За овој предмет има и второ обвинение кој се однесува на незаконска изградба на партиското седиште, судот сè уште не донел одлука. Обвиенинето е распределено кај судија за оценка и по донесено решение, јавноста ќе биде информирана.

Со второто обвинение за „Талир“ за изградбата на новото партиско седиште, пак, се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски.

0 Коментари

Остави коментари