Јанушев: Насилното преземање предмети од СЈО ќе креира анархија
Foto

Јанушев: Насилното преземање предмети од СЈО ќе креира анархија

„Постапувањето на Јавниот обвинител по наредба на лице притворено за тежок криминал и злоупотреба на службената положба е невиден преседан и е дополнителен удар врз правниот систем. Насилното преземање на предмети од СЈО надвор од закон, по наредба токму на истото лице кое е осомничено дека ги злоупотребувало токму тие предмети за политички притисоци и изнуда на пари ќе креира анархија. Катица Јанева го уценуваше ВМРО да и даде поддршка за криминогеното работење, а за возврат нудеше прекинување на постапките, што говори и за мотивите поради кои тие се отворени“ вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Јанушев потенцираше дека „Истрошија скоро 15 милиони евра во нивното досегашно работење. Земаа плати од по 5.000 евра само за да отвораат предмети кои би служеле за уцена и изнуда. По 5.000 евра месечно. За ваков криминал мора да се одговара, а не да се бара нов незаконски начин како истиот да продолжи. Доколку сакаме правда и правна држава, ваквите злоупотреби на системот мора да престанат и да бидат санкционирани, а не само да ја сменат формата и амбалажата, а во суштина да останат исти“.

„Јасно е дека зад овој криминален концепт стои Зоран Заев. Зоран Заев е главата на криминално – рекетарската банда која го штити и промовира криминалот. Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции. Зоран Заев затоа одбива решение во кое што професионалци ќе го испитуваат рекетот. Затоа Зоран Заев се плаши дека ако предметите на СЈО завршат кај професионални обвинители, може да бидат разоткриени сите конструкции и местенки и некој ќе треба да одговара. Зоран Заев е лично исплашен за себе и за луѓето околу себе. Бидејќи со независен обвинител на чело на ЈО тој ќе мора да биде повикан да даде исказ затоа што како објавија медиумите неколкупати е спомнат во исказите на жртвите“ - рече Јанушев.

0 Коментари

Остави коментари