Јанушев: Катица Јанева, без која не би бил можен милионскиот рекет, наместо во притвор, се шета по плажи
Foto

Јанушев: Катица Јанева, без која не би бил можен милионскиот рекет, наместо во притвор, се шета по плажи

„Пријателот на Зоран Заев, Боки Тредичи знае кој судија, кога е дежурен, кој нема да се појави и кој ќе дојде на негово место и што е најважно знае какви одлуки ќе бидат донесени од страна на судовите. Ниту Боки, ниту Кичеец можеле да знаат како ќе се одвиваат постапките пред суд, што ќе преземе судот, а што обвинителството, кога и кој ќе биде ослободен, а кој ќе заврши во затвор, ако за тоа директно не добиле информација од врвот на власта, кој ги координирал и менаџирал активностите со правосудните органи“ рече денеска членот на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој истакна дека „Боки е само извршителот на еден поголем  и покомплексен  систем, кој е управуван директно од врвот на власта, во кој има директна спрега помеѓу врвот на извршната власт, судовите и обвинителството'.

- „Македонија нема ама апсолутно никаква полза од лицемерието на Заев и лажните повици за правда, во реалноста и тој и неговата Катица Јанева ги чистат трагите. Не случајно во овие месец дена и Заев менуваше телефони и протоколи, вадејќи се на скандалот со украинските комедијанти, а Катица губеше и форматираше и телефони и компјутери.   

Еден месец ЈО молчи и наместо да ги гони нарачателите во случајот Рекет одмараат. Катица Јанева, без која слушнавме од разговорите објавени во „Ла Верита“ и не би бил можен милионскиот рекет, наместо во притвор се шета по плажи“ - рече Јанушев.

0 Коментари

Остави коментари