Јанева тврди дека на никаков начин не е вмешана во „Рекет“
Foto

Јанева тврди дека на никаков начин не е вмешана во „Рекет“

Најдоговорно тврдам дека на ниту еден начин, ниту свесно, ниту несвесно, ниту  со сторување, ниту со несторување не сум ја злоупотребила должноста која во моментов се уште ја извршувам и јавно ги охрабрувам правосудните органи да ги расчистат сите околности за случајот „Рекет“.

Ова денеска на прес-конференција во СЈО го изнесе обвинителката во оставка Катица Јанева.

-Точно е дека многу лица од јавниот и политичкиот живот се познаваме со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ  и дека на дневна основа комуницира со лицето, кое е осомничено, но тоа не значи дека некој стекнал право да ја користи мојата службена  должност за да остварува привилегии и незаконити дејства, рече Јанева и додаде дека очекува транспарентна постапка за да се стави крај на сите информации, со кои како што рече, „некој се обидува да им нашетети на мојот углед и чест“.

0 Коментари

Остави коментари