Јанева: Ниту свесно ниту несвесно сум ја злоупотребила службената положба
Foto

Јанева: Ниту свесно ниту несвесно сум ја злоупотребила службената положба

„Најодговорно тврдам, дека ниту свесно ниту несвесно ниту со сторување ниту несторување не сум ја злоупотребила должноста која во моментов сеуште ја извршувам.“

Катица Јанева тврди дека е злоупотребена. Една недела по молкот, шефицата во оставка се појави пред јавноста и обвини дека Боки 13 ја злоупотребил нејзината функција како кога барал Рекет, бидејќи синот и бил вработен во неговата телевизија.

„За жал подолг временски период до мене допираат гласови дека не само лицето Бојан Јовановски, туку и многу други го злоупотребуваат моето име за различни цели.(3,35)точно е дека јас како и мн други лица кои во моментов се на различни функции се познаваме со Бојан . Никогаш не сум криела дека мојот син е вработен во 1Тв и заради описот на неговото работно место комуницира со лицето... но тоа не значи дека некој стекнал право да ја злоупотребува мојата положба и овластување за евентуално да остварува привилегии и да презема незаконити дејствија.“ - изјави Јанева.

Нецели 7 минути читаше напишан говор. Порача дека свесно се повлекла и не коментирала за да не врши притисок врз истрагата, но го следела јавниот линч. Зошто била мета на синхронизиран напад ќе покажале 10 истраги кои како шефица на СЈО ги затворила.

„Оставам во наследство 10тина затворени истраги, подготвени за брзо процесирање, убедена сум дека тие истраги ке и дадат одговор на јавнсота , зошто некој со сите сиоли се обидуваше да го спречи мојот избор и со медиумска хајка да го загрози кредибилитетот на СЈО.“ - изјави Јанева.

Откако го заврши говорот Јанева се повлече без да одговори на ниту едно прашање. Од денеска најавила и дека го прекинува боледувањето. Утрово пак, нејзината колешка која ја води операцијата „Рекет“ соопшти дека и го пронашле вториот телефон, за кој синот на Јанева тврдел дека е изгубен во Белград.

„Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок.“ - велат за организиран криминал.

Обвинителството за гонење организиран криминал се уште не соопшти каква била улогата на Катица Јанева во случајот Рекет. Русковска на тв интервју потврди дека има снимка на која се гледа и слуша како се бара рекет од Орце Камчев, а во еден дел од разговорот на интерфон е вклучена и специјалната обвинителка.

0 Коментари

Остави коментари