ЈАНЕВА БИЛА ФИЗИЧКИ СЛЕДЕНА 10 ДЕНА ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕНА, БОКИ 13 И ЗОКИ-КИЧЕЕЦ ЕДЕН МЕСЕЦ
Foto

ЈАНЕВА БИЛА ФИЗИЧКИ СЛЕДЕНА 10 ДЕНА ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕНА, БОКИ 13 И ЗОКИ-КИЧЕЕЦ ЕДЕН МЕСЕЦ

Шефицата на организиран криминал Вилма Русковска побарала посебни истражни мерки за Јанева 10 дена пред да ја прати во „Шутка“. Одбраната на Јанева денеска ги гледаше доказите од Пи мерките спрема Јанева. Покрај снимките од камерите, аудио снимките на кои се слуша нејзиниот глас, Јанева била и физички следена каде се движела, што правела, со кого разговарала, кого посетила, кој се и бил на гости последните десетина дена пред да биде уапсена. Другите двајца осомничени во „Рекет “ Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец пак биле следени еден месец. Адвокатите ги видоа доказите против Јанева, но не коментираат дали Рускоска има доволно цврсти докази против неа.

- „Денеска завршивме со оние докази, кои што ги имаше обвинителството. Денеска ги видовме ПИ мерките спроведени према Јанева и исто така дел од разговорите денеска дослушавме. И По мерките исто така према Бојан Јовановски и Зоран Милески. За Јанева ми се чини околу 10 дена е следена, а за Бојан Јовановски и Зоран Милески околу 1 месец. Само физичко следење нема ништо друго“- изјави Ирена Фрчкоска, адвокат на Катица Јанева.

Со Јанева ќе се видат во среда, за да и ги презентираат доказите против неа, кои таа не ги видела. Но и опциите кои и стојат на располагање како да се одбрани. Одбраната на Јанева деновиве за ТВ 24 не ја отфрлија и опцијата кои и стои на располагање, Јанева да побара спогодба со обвинителството за да ја договори висината на казната, ако признае вина, со што ќе го избегне судскиот процес.

Но со која стратегија ќе се брани, сепак ќе одлучи лично Јанева.

Адвокатите се плашат дека ќе имаат малку време да ги видат сите докази против неа

- „Веројатно од многу брзање од обвинителството е побарано вештачења кои не се завршени и кои се сеуште во тек, а кои задолжотелно мораме да ги видиме и да ни бидат дадени. Се плашиме дека тоа може да се случи дека тие ќе бидат дадени во многу кус период пред подигање на обвиненија дадени како докази и можност да ги виме, а тоа навистина би било не така добро за одбраната. Сега за сега сеиште не ни се дадени исказите на другите осомничени, што секкао е обврска на обвинителството да го направи.“ - Дељо Кадиев, адвокат на Катица Јанева.

Катица Јанева пак чека одлуки на жалбите во два суда за да излезе од притвор. Апелација попладнево го добила мислењето на Вишото јавно обвинителство, и најверојатно утре ќе пресече дали Катица Јанева ќе може да се брани од дома или од „Шутка“ . А ќе одлучуваат и за Боки 13, кој пак барал за неговата жалба да се одлучува на јавна седница. Неделава се очекува пред шефицата на организиран кримнинал Вилма Русковска, својата одбрана да ја дадат Катица Јанева и Бојан Јовановски.

0 Коментари

Остави коментари