Судија од Кривичниот суд денеска ги посетил притворените Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во притворското одделение во Шуто Оризари. Во редовната посета забележал дека нивната здравствена состојба е добра. Миле Јанакиевски кој се пожалил на болки му била дадена соодветна медицинска терапија која редовно ја прима. Судијата побарал ревизија на распоредот за излез на прошетка во дворот на затворот. Неофицијално, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески почнал штрајк со глад во затворот во Шутка.
0 Коментари