Јанакиески не смее да комуницира со бегалецот од правдата Груевски
Foto

Јанакиески не смее да комуницира со бегалецот од правдата Груевски

Домашниот притвор на Миле Јанакиески му е укинат за предметот Титаник, но тој сепак останува притворен дома бидејќи има иста мерка за случајот „27ми април“. Тој има и забрана да комуницира со неговиот некогашен шеф Никола Груевски но и со другите осомничени, некогашни сопартијци- Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски, агентот Никола Бошковски.

„Од пред десетина дена ми е укинат куќниот притвор за „Титаник.“ - одговори денеска поранешниот министер во судница.

Јанакиевски во Титаник е обвинет за изборни нерегуларности. Според неговата одбрана логично е што е укината едната мерка, бидејќи не може два куќни притвора истовремено да важат за едно лице. На обвинителна клупа во „Титаник“ седат 21 лице, меѓу нив и актуелниот пратеник Илија Димовски, екс министерката Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф во кабинетот на Груевски- Мартин Протоѓер, тогашната заменичка во министерството за правда Билјана Бришковска. Инаку судскиот процес Титаник е еден од најобемните случаи на СЈО кое со 191 сведок, 5.900 материјални докази, 1.000 прислушувани разговори се обидува да докаже дека овие функционери вршеле притисоци за гласање , изборни измами, незаконски давале лични карти во Центар, на граѓани од Пустец за да гласат за ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемиот процес „Титаник „ на СЈО почна во април минатата година и од тогаш одржани се 39 рочишта. 13 пати овој случај е одложуван досега, од кои 11 на барање на обвинетите.

0 Коментари

Остави коментари