ЈАНАКИЕСКИ ГЛАДУВА, СЕ ПОЖАЛИ И ДО ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА: „ОВА НЕ Е ЖИВОТ!“
Foto

ЈАНАКИЕСКИ ГЛАДУВА, СЕ ПОЖАЛИ И ДО ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА: „ОВА НЕ Е ЖИВОТ!“

Ова не е живот“ - се пожали екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на обвинителката Лиле Стефанова од СЈО на денешното рочиште за изградбата на кинеските автопати.

Обвинителката го советуваше да не си го уништува живот бидејќи тој веќе неколку дена штрајкува со глад во притворското одделение во Шутка. Синоќа екс министерот Јанакиески се пожалил на болки во буб резите и бил прегледан во болницата „8 – ми септември“ . По лекарската помош бил вратен во притвор во Шутка.

Поранешниот министер за транспорт во владата на Никола Груевски е во притвор поради случајот со продажба на државно земјиште во центарот на Скопје на кое никогаш не никнаа предвидените хотели. Обвинет е во „Траекторија“, „Топлик“, „Титаник“ и уште неколку случаи на СЈО. Судењето за постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. „Траекторија” на СЈО продолжува на 3 септември, поради отсуство на вешто лице.

0 Коментари

Остави коментари