ЈАХИЈА ПОПЛАДНЕВО ПОДНЕЛ ЖАЛБА ЗА ПРИТВОРОТ
Foto

ЈАХИЈА ПОПЛАДНЕВО ПОДНЕЛ ЖАЛБА ЗА ПРИТВОРОТ

Државниот секретар од министерството за информатичко општество Јахи Јахја попладнево поднел жалба на притворот. Неговиот адвокат за ТВ24 не сака да ја коментира истрагата и очекува тој да биде пуштен од Шуто Оризари за да се брани од слобода.

Засега обвинителството не бара притвор за поранешната раководителка Јасмина Гелеска, второосомничена во коруптивната афера за ИПА фондот вреден 1,2 милиони евра. Ја чекаат да се врати во земјава за распит во обвинителството. На распит досега не бил повикан ниту Јахија.

Истрагата која ја отвори обвинителството во Милано, продолжува со анализа на собраните документи од вчерашните претреси. Дел од материјалите беа прибрани и од фирмите "ГСИ Производство" и "ГСИ Соработници", но тие не се дел од листатa на осомничени. Денеска продолжија со тековните активности. Ги побаравме на нивните адреси, но коментар за истрагата не добивме. 

Вработените не беа расположени за изјава или став околу аферата, бидејќи нивните газди не се тука.

Сервис за специфични преводи со седишта во Лондон, Букурешт Скопје Бангкок, стои на информативната табла на една од фирмите. Податоците од Централен регистар покажуваат дека се основани со странски капитал во 2015-та . Две години претходно , на 13 мај 2013-та година отпочнува проектот за обука на администрацијата. Го објавуваат тогашниот министер Иво Ивановски и Џовани Мастрандреа директорот на групацијата Латанзио-, ангажирана за спроведување на обуките, и опфатебна во вчерашните претреси кои паралелно се спроведоа и во Италија. На една од прес конференциите говори и Јахија, кој сега е осомничен дека бил подмитен со 40 000 евра за да даде доверливи податоци на фирмите кои подоцна го добиле тендерот. Од податоците кои се ајвно достапни во министерството , Јахија имал плата од околу 62 000 денари. На фукнцијата државен секретар е 8 години. Во неговиот анкетен лист пријавил куќа со двор во Куманово проценета на над 6 милиони денари и возило Сеат ибица вредно над 550 илјади денари.Има и две штедни книшки, а на име на родителите пријавил имот, односно куќа со двор во вредност над 922 илјади денари. Јахија е кадар на ДУИ, но од таму досега немаше никаква реакција за истрагата.

0 Коментари

Остави коментари