Извршниот одбор на СДСМ вечер ќе одлучи дали ќе има предвремени парламентарни избори
Foto

Извршниот одбор на СДСМ вечер ќе одлучи дали ќе има предвремени парламентарни избори

Претседателски кандидати и предвремени парламентарни избори – ова се двете теми кои вечерва ќе се стават на маса на Извршниот одбор на владејачката СДСМ. На Бихаќка вечерва ќе се одлучува дали да се прифати барањето на Христијан Мицкоски за двојни избори – на 5ти мај на вториот круг од претседателските, да се оддржат и вонредни парламентарни избори. 

Неофицијално од власта за ТВ 24 велат дека најверојатно вечерва СДСМ и официјално ќе го отфрли предлогот за предвремени парламентарни избори, иако се уште помал број функционери сметаат дека треба да се оддржат. Коалициските партнери на СДСМ, ДУИ во неколку наврати посочија дека во период кога се затвораат прашања како Охридскиот и Преспанскиот договор, не е време за пржинска Влада. Вицепремиерот Бујар Османи порача дека овој период фокусот треба да се стави на реформите.

- Изборните реформи се едни од клучните предизвици за наредниот период, вклучувајќи ја тука и имплементацијата на сите претходни препораки на ОБСЕ/ОДИХР, особено во пресрет на претстојните претседателски избори, имајќи предвид дека наш приоритет се слободни, фер и веродостојни претседателски избори. - изјави Османи – вицепремиер за европски прашања. 

Дали Заев и Ахмети ќе се договорат за заеднички претседателски кандидат, ќе се знае вечерва. Ако не се договорат, ДУИ останува на ставот да ја трча претседателската трка самостојно. Во меѓувреме, во седиштето на СДСМ е пристигната една кандидатура од поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов, а последната одлука кој ќе биде кандидатот за изборите напролет, ќе се знае на 3ти март. Опозициската ВМРО ДПМНЕ во сабота на Конгрес ќе бира помеѓу деветмината кандидати кои веќе се во неформална кампања.

0 Коментари

Остави коментари