Извори за ТВ 24 велат дека Груевски доцна синоќа ја напуштил територијата на Албанија
Foto

Извори за ТВ 24 велат дека Груевски доцна синоќа ја напуштил територијата на Албанија

Никола Груевски доцна синоќа ја напуштил територијата на Албанија, тврдат за ТВ24 добро упатени извори во Тирана.

Според нашите извори сосема е извесно дека Груевски ќе проба да побегне од Албанија по морски пат и тоа најверојатно во правец на Грција.

Последната позната дестинација се очекува да биде Турција, каде исто така би пристигнал преку море. Груевски, велат нашите извори од саботата бил засолнет во мало погранично село, со целосна логистика што му овозможила да биде добро сокриен.

Во Албанија влегол преку зелен појас, а не на легален граничен премин. Албанија веќе потврди дека Груевски престојувал во нивната земја, но според нивната полиција, тој ја напуштил државата на 11-ти ноември и заминал кон Црна Гора.

Во денешното он лајн издание црногорски вјести пишува дека Груевски во Црна Гора влегол на 11 ноември во 19 часот и 19 минути, а земјата ја напуштил истиот ден преку преминот „Добраково“ во 22 часот и 16 минути.

Во Србија влегол со дипломатски автомобил со заменик унгарски амбасадор и конзул на Унгарија.

0 Коментари

Остави коментари