Извештај на ОН: Северна Македонија со најголем раст на инвестициите во Западен Балкан
Foto

Извештај на ОН: Северна Македонија со најголем раст на инвестициите во Западен Балкан

Северна Македонија забележа најголем раст на инвестициите на Западниот Балкан, нотира „Извештајот за инвестициите во светот за 2019 година“ на Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD’s World Investment Report 2019). Во извештајот се вели дека приливот на странски директни инвестиции во земјава е зголемен за 260 проценти, односно од 205 милиони долари во 2017 година, инвестициите годинава се зголемени за три пати и изнесуваат рекордни 737 милиони долари.

-Ова успешно рангирање според овој светски извештај за инвестиции е резултат на новите економски политики на Владата на Република Северна Македонија во изминатите две години, кога првпат после долг временски период се создаде поволна атмосфера и реални услови земјата да се позиционира како предвидлива и стабилна бизнис дестинација. Во најголем дел придонес има цврстата определба на Владата за интензивирање на ЕУ и НАТО интеграциите, а со тоа и позиционирање на земјата како стабилна бизнис дестинација која овозможува правна и економска сигурност за инвеститорите, изјави директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските зони ТИРЗ, Александар Младеновски.

Заокружувањето на реформските процеси како и реализацијата на новите економски политики на Владата, додаде, ја позиционираат земјата како една од најатрактивните инвестициски дестинации во Европа.

Според Младеновски, во изминатиот период интересот за инвестирање во ТИРЗ е зголемен, како од домашни, така и од реномирани странски компании. Се работи на тоа да се пополнат празните парцели во постојните ТИРЗ и да се отворат нови работни места. Постојано се одржува контакт со потенцијалните инвеститори заинтересирани за инвестициски проекти со кои Владата заедно со ДТИРЗ се во различни фази на преговори.

Светскиот Извештајот за инвестиции за 2019 година ги поддржува креаторите на политиките преку следење на глобалните и регионалните трендови на директните странски инвестиции и документирање на развојот на националните и меѓународните инвестициски политики. Според UNCTAD, инклузивниот одржлив развој зависи од глобалната политичка средина што е погодна за преку-гранични инвестиции.

Овој Извештај за светските инвестиции дава преглед на глобалниот пејзаж на посебните економски зони (SEZ) и нуди совети за тоа како да одговорат на фундаменталните предизвици за зоните поставени од императивот за одржлив развој, новата индустриска револуција и промените на моделот на меѓународно производство.

Меѓу најважните инструменти за привлекување инвестиции се посебните економски зони. Бројот на зони низ светот брзо растеше оваа деценија на повеќе од 5.000, со многу повеќе планирани, покажува извештајот на UNCTAD.

Според извештајот на ОН, минатата година глобалните текови на странски директни инвестиции се намалија за 13 отсто, на 1,3 трилиони долари. Ова претставува најниско ниво од глобалната финансиска криза и го нагласува недостатокот на раст во меѓународните инвестиции оваа деценија. Протокот на инвестиции во транзициските економии продолжи да се намалува во 2018 година, а транзициските економии се потпираат на посебни економски зони за инвестирање.

-Приливот на странските директни инвестиции (СДИ),во економиите во транзиција во Југоисточна Европа, Комонвелтот на независни држави (ЗНД) и Грузија се намалија за 28 проценти, односно на 34 милијарди долари во 2018 година. Сепак, Југоисточна Европа триумфираше, победувајќи го општиот надолен тренд, при што СДИ се зголемија за 34 проценти на 7,4 милијарди долари, особено во Северна Македонија. Приливите во Северна Македонија се зголемија за повеќе од трипати, до рекордни 737 милиони долари, главно за инвестиции во автомобилската индустрија во своите технолошки индустриски развојни зони. Во еден од најзначајните договори, слободната економска зона, ТИРЗ Скопје 2, го привлече производителот на автомобилски делови од САД, Дура . Приливите кон Северна Македонија сигнализираа две работи: првично, поволната меѓународна побарувачка на странски фирми лоцирани во зоните (извозно ориентирани) и второ, позитивните политички случувања во врска со името на земјата. Ова ја олеснува соработката на Северна Македонија со ЕУ, главниот извозен пазар во земјата, стои во Извештајот на ОН.

Инвестициите во капиталот, се додава, пораснаа два и пол пати, а заемите внатре во компаниите станаа позитивни откако беа негативни во 2017 година. Покрај традиционално силниот автомобилски кластер, нови инвестиции беа забележани и во други дејности.

Извештајот на ОН констатира дека приливите на странски директни инвестиции – СДИ се зголемија во сите земји од овој регион, освен во Црна Гора. Одливите останаа непроменети на 38 милијарди долари, со што регионот беше нето-извозник на капитал за СДИ во 2018 година.

-Меѓу економиите во транзиција, Северна Македонија се рангираше во првите пет економии во две категории, и во Трговскиот раст (економии рангирани според просечната годишна стапка на раст на трговските стоки, интеграцијата на CAGR 2007-2017) и според ГВЦ (глобален вредносен синџир) – Економиите рангирани според странските додадена вредност, 2017, нотира Извештајот.

Промоцијата на посебните економски зони (СЕЗ) стана важна алатка на инвестициска политика на економиите во транзиција. Посебните економски зони може исто така да станат главен двигател на идниот раст на СДИ, вели извештајот на UNCTAD.

-Помалите економии кои превземаат значајни извозни активности, како што е Северна Македонија исто така има слободни економски зони (15 ф). Сепак, постојат очекувања да придонесат за одредени развојни цели. Во Северна Македонија, Законот за технолошки индустриски развојни зони бара од корисниците на зоната да ги исполнат следниве критериуми: создавање работни места, усогласеност со високи еколошки стандарди, производство базирано на нови технологии и висока енергетска ефикасност, се нагласува во Извештајот на ОН. 

0 Коментари

Остави коментари