Изминатите седум денови најмногу новозаразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата
Foto

Изминатите седум денови најмногу новозаразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во светот е зголемен за 1,8 милиони во изминатите седум дена, и тоа е најголем број новозаразени лица од почетокот на пандемијата за една недела.

Вирусот досега е потврден кај повеќе од 19,5 милиони луѓе ширум светот, а Америка и Азија остануваат во фокусот на пандемијата.

САД се уште се најтешко погодената држава, а ситуацијата е особено тешка во државите од Јужна Америка, од кои пет се меѓу 10-те земји во светот што се најтешко погодени од коронавирусот.

Досега повеќе од 720.000 луѓе починаа од вирусот, а повеќе од 12,5 милиони луѓе се опоравиле, покажуваат податоците на веб-страницата „Worldometers“.

0 Коментари

Остави коментари