ИЗГРАДБА НА ГАСОВОД – ЌЕ СЕ ИСПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ИЛИ ЌЕ ИМА ПРОЛОНГИРАЊА?
Foto

ИЗГРАДБА НА ГАСОВОД – ЌЕ СЕ ИСПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ИЛИ ЌЕ ИМА ПРОЛОНГИРАЊА?

Заглавена експропријација на земјиште може да ја пролонгира изградбата на магистралните гасоводни до Битола и до Гостивар – констатира Државниот завод за ревизија во својот неодамнешен извештај. Од Македонски енергетски ресурси велат дека проблемите настанале бидејќи во буџетот во 2016 година не биле превидени пари и затоа во 2017 година немало експропријација. Но, сега велат интензитетот е забрзан. Појаснуваат дека иако се доцнело со експропријација, пролонгирања во изградбата нема да има, особено не на трасата до Битола, а до Гостивар може да има мали пролонгирања поради измените што морало да се прават во тек на градба.

Сепак ревизорите сметаа дека:

„Имајќи во предвид дека изградбата на магистралните делници не се одвива согласно превидената динамика – постои ризик АД МЕР да не може да остварува приходи односно средства со кои ќе отпочне да го враќа заемот од јуни годинава како што е предвидени во договорот за подзаем поради што истиот ќе треба да се враќа со средстава од буџетот“.

Од МЕР - велат дека се свесни за состојбите, ја имаат известено Владата и се чека разврската со ГАМА, односно преносот на уделот за потоа ГАМА и МЕР, да се спојат и станат еден единствен оператор како што е предвидено со законот. Се прават проценките за вредноста на ГАМА, по што државата би требало да ги откупи акциите од Макптерол за да може да има спојување на ГАМА и МЕР.

Но, освен ова, за магистралната гасоводна делница во Клечовце ревизорите констатираат дека иако изградена таа и натаму не е во функција, но и ги потврдуваат пишувањата дека оваа делница земјава ја плати три пати поскапо. Гасоводот во Клечовце се градеше со пари од рускиот клириншки долг, а еден километар чинеше 1,13 милиони евра, што е три пати поскапо од она што е превидено во физбибилит студијата.

Токму за оваа делница, Спецјијалното јавно обвинителствто отвори истрага под кодно име „Подарок“, за поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, бидејќи со склучениот договор за долгот што Русија го има кон Македонија, и кој треба да се врати со изградба на гасоводната делница – излегува дека земјава сама си ја платила изградбата, а долгот што Русија го имала кон земјава практично и останал како подарок.

0 Коментари

Остави коментари