Изгоре двокатен автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени
Foto

Изгоре двокатен автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени

Утринава се запали двокатен автобус на ЈСП-Скопје во населбата Ѓорче Петров и целосне изгоре горниот кат на возилото.

Информациите до кои дојде Телевизија 24 се дека ниту еден од патниците не е повреден, а брзата интервенција на Противпожарната единица спречила ширење на пожарот.

Неофицијално, причина за пожарот е проблем со клима уредот. Возачот на автобусот се обидел да го стави огнот под контрола, но неуспешно.

0 Коментари

Остави коментари