Изгласаните уставни измени главна тема во Грција
Foto

Изгласаните уставни измени главна тема во Грција

Првата честитка од Грција до македонскиот премиер за изгласаните уставни измени пристигна од грчкиот премиер, додека пак успешно завршениот процес кај нас, синоќа беше главна тема во грчките медиуми. Алексис Ципрас вчера разговарал со неговиот македонски колега, Зоран Заев. Преку нивните официјални Твитер профили се огласија, поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, министерот за дигитална политика, Никос Папас, министерот за внатрешни работи на Грција, Алексис Харицис како и портпаролката на СИРИЗА, Рања Свигу.

Кусо откако заврши гласањето во македонското Собрание па до доцна синоќа, резултатите беа главната и прва тема во електронските изданија на грчките медиуми. Грчката државна агенција АНА-МПА во текстот под наслов „И се случи Северна Македонија“, го пренесува резултатот од гласањето заедно со реакциите и честитките до македонскиот премиер. Електронски изданија на медиумите во Грција, само технички и без  коментари и анализи ја пренесоа веста.

Договорот од Преспа се најде на агендата разговори на германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината дводневна посета на Атина. На средбите со Ципрас и Павлопулос отворено изрази поддршка за Договорот од Преспа. Вчера, се сретна и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис кој по средбата изјави дека ги претставил позициите за договорот и причините поради кои неговата партија нема да го ратификува.

0 Коментари

Остави коментари