Изетбеговиќ: БиХ нема да оди во НАТО ако тоа не го сакаат Србите и РС
Foto

Изетбеговиќ: БиХ нема да оди во НАТО ако тоа не го сакаат Србите и РС

Претседателот на бошњачката Партија на демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ изјави дека Бих нема да влегува во НАТО ако тоа не го сакаат Србите и република Српска.

- „Во оваа земја веќе никој нема ништо да му наметнува на некого. Кога станува збор за Србите и Република Српска, ако не сакаат во НАТО – нема да се оди во НАТО“ - рече синоќа Изетбеговиќ во емисија на РТРС.

Сепак, тој потенцира дека Годишната национална програма за НАТО мора да биде испратена во Брисел затоа што претставува спроведување на претходно донесени одлуки.

Тој исто така рече дека Советот на министри нема да биде формиран без изборни победници од Република Српска и ја отфрли можноста за формирање власт на ниво на БиХ со опозициска партија во РС.

Лидерот на СДА објасни зошто не ја нарекува Република Српска со нејзиното цело име, туку „ентитет РС“.

- „Не ми се допаѓа дел од БиХ да се вика по еден народ, па и да е тоа по мојот народ“ - рече Изетбеговиќ.

0 Коментари

Остави коментари