Избран нов главен државен ревизор
Foto

Избран нов главен државен ревизор

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата.

Одлуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. Ацевски во државниот завод за ревизија работи од 2001 година. Мандатот на претходниот главен ревизор истече пред две години, а потоа од институцијата раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник.

Собранието го именуваше Крсте Шајновски за претседател на советот на експерти на агенцијата за супервизија на осигурување. За предлогот не гласаше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека со неговите активности покажал дека е партиски кадар на СДСМ, а не професионалец.

0 Коментари

Остави коментари