Изборот за заменик министер за здравство ги скара пратениците од власта и опозицијата
Foto

Изборот за заменик министер за здравство ги скара пратениците од власта и опозицијата

Изборот на заменик-министер за здравство ги скара пратениците од власта и опозицијата.

Предлогот на владата струшкиот специјализант по урологија Арменд Арслани да дојде на местото на Асим Муса кој си поднесе оставка по корупцискиот скандал, наиде на критики од опозициските пратеници. Но, не лично за идниот заменик на Филипче, туку за работата на актуелниот министер.

Премиерот Заев пак убедуваше дека министерот за здравство го води еден од најтешките ресори и професионално си одговара на задачите.

0 Коментари

Остави коментари