Изборите ќе ги мониторираат 3.094 домашни и 419 странски набљудувачи
Foto

Изборите ќе ги мониторираат 3.094 домашни и 419 странски набљудувачи

Државната изборна комисија ја објави финалната листа на домашни и странски набљудувачи што на 21 април и 5 мај будно ќе ги следат гласањето и можностите за какви било изборни нерегуларности. Од нив 3.094 се домашни набљудувачи, а 419 од странство. 

Со најголем број домашни набљудувачи ќе биде застапена невладината „Мост“ со 1.940 набљудувачи. ОБСЕ/ОДИХР ќе учествува со 195 набљудувачи и 187 преведувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ, пак, ќе има двајца свои набљудувачи. Овие избори ќе ги набљудува и амбасадата на руската федерација со четири набљудувачи, како и унгарската младинска политичка организација „Фиделитас“ со шест набљудувачи.

0 Коментари

Остави коментари