Избори за ЕП: Гласање во Латвија, Малта и во Словачка
Foto

Избори за ЕП: Гласање во Латвија, Малта и во Словачка

Жителите на Латвија, Малта, Словачка денеска почнаа да гласаат на изборите за Европскиот парламент, приклучувајќи се на гласачите од Велика Британија, Холандија, Ирска, Чешка, кои веќе го сторија тоа во претходните два дена.

Од четврток до недела речиси 418 милиони луѓе низ Европската Унија можат да гласаат на едни од најголемите демократски избори во светот.. По изборите, започнува нов политички циклус во ЕУ кој вклучува промена на луѓе во најважните европски институции. Одзивот на изборите во ЕУ обично е мал.

Во недела ќе гласаат граѓаните на другите земји во ЕУ вклучувајќи ги и Хрватите кои избираат 11 пратеници.

Во Словачка се избираат 13 членови на Европскиот парламент од 751 член, во Латвија 8 и 6 претставници на Малта.

0 Коментари

Остави коментари