ИТАЛИЈАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГЛАСА ЗА ДОВЕРБА НА НОВАТА ВЛАДА
Foto

ИТАЛИЈАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГЛАСА ЗА ДОВЕРБА НА НОВАТА ВЛАДА

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска ќе ги претстави приоритетите на новата влада, по што парламентот ќе гласа за доверба на коалициската влада, составена од движењето Пет ѕвезди и Демократската партија. Премиерот ќе се обрати до сенатот, а Горниот дом на италијанскиот парламент потоа ќе гласа за доверба на владата. Се очекува кабинетот на конте да ја добие довербата во двата дома на парламентот, но, според италијанските медиуми, во Сенатот ќе биде тесна победата. Медиумите посочуваат дека се очекува новата влада да има нешто подобри односи со Брисел по заминувањето на Матео Салвини од власт, но според анкетите, дури 52 отсто од испитаниците имаат негативно мислење за новата владејачка коалиција.

0 Коментари

Остави коментари