Италија и Шпанија со победа ги отворија квалификациите за ЕП 2020
Foto

Италија и Шпанија со победа ги отворија квалификациите за ЕП 2020

Италија со победа од 2:0 над Финска го започна своето учество во квалификациите за ЕП 2020.

Дуелот се одигра на „Дачија Арена“ во Удине, а „азурите“ генерално покажаа дека се подобриот тим и типично во свој стил стигна до успехот без многу атрактивен фудбал и истовремено сериозна ефикасност пред противничкиот гол.

Барела го отвори резултатот во 7-та минута и така го даде потребното спокојство на домаќините.

Во 74-тата Мојс Кин го удвои резултатот за домаќините и на тој начин го оформи конечниот резултат во мечот.

По овој натпревар, Италијанците се на чело во групата со три бода, колку што имаа и Грција и Босна по нивните синоќешни победи.

Репрезентацијата на Шпанија, пак ја победи со 2:1 Норвешка во првиот натпревар во групата „Ф“ од квалификациите.

„Фуријата“ беше подобриот тим на „Местаља“ во Валенсија, но напаѓачите на тимот направија премногу пропусти и за малку домаќините можеа да ја испуштат победата.

Родриго даде предност на Шпанија уште во 16-тата минута, но Џошуа Кинг израмни од пенал во 65-тата минута. Победничкиот гол за светскиот шампион од 2010 го постигна Серхио Рамос, исто од пенал, во 71-та минута.

Така Шпанија ги забележа првите три поени во групата, а следниот натпревар за тимот е гостување кај Малта по три дена.

За Норвешка пак претстои да биде домаќин на Шведска.

Квалификации за ЕП 2020, 1. коло:

Грузија – Швајцарија 0:2

Гибралтар – Ирска 0:1

Шведска – Романија 2:1

Малта – Фарски Острови 2:1

Шпанија – Норвешка 2:1

Лихтенштајн – Грција 0:2

Италија – Финска 2-0

Босна и Херцеговина – Ерменија 2:1

 

0 Коментари

Остави коментари