Истражување: Еколошката такса ќе донесе раст на цените
Foto

Истражување: Еколошката такса ќе донесе раст на цените

Од блокади преку амандмани до филибастеринг сите опции кои ги имаат на располагање пратениците од опозицијата ќе ги користат за да го кочат Законот за еколошка такса во зависност од тоа дали ќе се носи со европско знаменце или по редовна скратена постапка. 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и денеска со обвинувања, но и прашања на адреса на парламентарното мнозинство каде Владата ќе ги троши 54-те милиони кои се очекува да ги собере за една години, но и поради дополнителниот финансиски товар кои ќе го имаат граѓаните и фирмите од оваа давачка. 

Од Левица пак денеска велат дека ќе поднесат 700 до 800 амандмани за да го успорат носењето на овој Закон доколку се носи по редовна постапка, бидејќи ова ќе биде најголем товар за обичните граѓани и предлагаат еко – данок кој би се влевал во посебен зелен фонд. Сепак со апел и до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ги искористат привилегиите кои деловнички ги имаат за да го кочат носењето на овој закон.

И пратениците од албанскиот опозициски блок велат дека нема да го поддржат ова законско решение и подготвуваат свои амандмани. 

Од парламентарното мнозинство пак исто така вчера во гостувањето на ТВ24 посочија дека воведувањето на еколошката такса може да даде голем допринос во како што велат најранливата област - животната средина. 

Сепак, иако партиите во Законодавниот дом меѓусебно се препукуваат по однос на прашањата поврзани со животната средина и натаму остануваат уште 15-тина закони кои треба да се донесат, како што е законот за Шар Планина, и законот за амбиентален воздух. 

Премиерот Заев од чија влада Законот стигна во собранието денеска вели дека законот е поврзан со европската агенда, но останува Собранието да најде начин како ќе го донесе. 

Институтот за економски истражувања „Finance Think“ пак во свojaта анализа наведува дека зголемените цени на горивата за 3,5 денари без ДДВ ќе ги зголеми цените на краток рок за 0,15 до 0,3 проценти. Ефектите ќе бидат поголеми на долгорочен план кога ќе дојде до повисок раст на цените. 

Според, нив оваа мерка не треба да биде воведена наеднаш туку етапно во наредните две години.

0 Коментари

Остави коментари