Истражители на Русковска влегоа во СЈО по документите
Foto

Истражители на Русковска влегоа во СЈО по документите

Шефицата на Обвинителството кое гони организиран криминал и корупција испрати истражители во СЈО. Со часови се собираа документи, договорите за соработка, за доверливост. Вилма Русковска ќе ги проверува колегите од Специјалното обвинителство и нивните финансиски исплати во изминатите 4 години. 

„Станува збор за предистражна постапка, обвинителство ги испрати истражителите за да ја соберат документацијата и да се утврдуваат некои факти“ - велат од ЈОРСМ. 

Поранешните специјални обвинители најавуваат соработка за истрагата. Официјално не зборуваат јавно иако премиерот вчера ги повика секој поединечно да ги објасни исплатите. Но, речиси сите го делат истиот став: 

„Се за што сме биле исплатени преку Буџетот на СЈО е сработено од наша страна. Догооворите за доверливост не ги прекршивме затоа што ниту еден разговор не протече и беше чуван со највисоки безбедносни протоколи од оваа институција. Ние и претходно се залагавме за транспарентен Буџет чија одлука беше на тогашниот специјален обвинител, а особено по 15 јули. Ќе соработуваме за да може што побрзо истрагата да се расветли вистината, а да не се остава дамка на нашето професионално и транспарентно работење. Во таа насока со сите сили ја продолжуваме борбата со високата корупција во судниците, каде што очекуваме разврска на нашите случаи за кои на крај сме убедени дека правдата ќе го стигне секој кој се огрешил пред законот“.

Според базата на „Отворени финансии“ Катица Јанева, покрај платата примила и 157 илјади евра додатоци за да ги чува во тајност сите разговори. На нејзините соработници им доделила меѓу 70 и 100 илјади евра, истражителите добивале десетици илјади евра. Сите одлуки ги потпишувала Јанева, бидејќи законот за СЈО не ја ограничува за висината на додатоците.

Опозицијата во чии редови се голем дел од обвинети, токму од СЈО, бара оставки од сите обвинители и да ги вратат парите назад.

0 Коментари

Остави коментари