Истрагата за Јахија оди чекор напред, со нови докази од Италија
Foto

Истрагата за Јахија оди чекор напред, со нови докази од Италија

Истрагата за поткупот на државниот секретар во информатичко општество Јахи Јахија напредува. Обвинителство во Италија прибрало нови докази при претреси во фирмата која го добила тендерот од ИПА фондот вреден 1,2 милиони евра.

Освен оваа афера за актуелен функциоенр шефицата на одделението за борба против органзииран криминал потврдува дека има и други луѓе на власт, кои се под лупа на обвинителството.

Националниот обвинител за гонење мафија и тероризам од Италија не открива дали по дојава на „свиркач“ во министерството е почната истрагата. Дирекоторот на БЈБ вели дека за оваа истрага имало двомесечна соработка. Македонските обвинители и колегите од Италија потпишаа меморандум за соработка. Следниот месец ќе биде формирана мрежа од податоци и информации на балканско ниво до кои лесно ќе стигнуваат сите, а со тоа ќе се зајакне транснационалниот организиран криминал.

„Ниту една држава сама изолирана не може ефикасно да се избори со организираниот криминал, бидејќи тој не познава граници, нации, политичка или старосна припадност и затоа сорботката меѓу државите е многу важна за справувањето со ваквиот криминал. Тој длабок навлегува во сите сфери и ги загрозува сите.“ - изјави Љубомир Јовевски - државен јавен обвинител.

Сите податоци што ги добива Директоратот, со кој раководи Кафиеро Де Рахо,се дел од неговата база на податоци, а во неа има милиони информации кои се чуваат од 1992 година до денес. Италијанскиот обвинител им порача на македонските колеги да работат со големо внимание и посветеност.

0 Коментари

Остави коментари