Исмаел
Foto

Исмаел

Исмаел Чоу, десетгодишно момче се качува на воз за Барселона. Тој избегал од дома за да го пронајде татко му Феликс Амброс, кого никогаш не го запознал. Единствената трага му е повратната адреса во Барселона на писмо испратено до неговата мајка. Кога пристигнува во Барселона, момчето ја наоѓа куќата, а врата му отвара жена од педесеттите години, Нора е мајката на Феликс, и баба на Исмаел, за која не знаел дека постои. Ниту, пак, Нора не знае дека има внук. Во телефонскиот разговор, Феликс, кој живее во мал град во Герона, и признава на мајка му дека има син. Откако разговарала со мајката на нејзиниот внук по телефон, Нора и Исмаел тргнуваат на пат заедно со Феликс. Во исто време, и мајката на Исмаел, Атика и нејзиниот сопруг Едуардо, исто така патуваат во Герон за да го вратат детето дома.

Средбата иницирана од Исмаел, да го пронајде својот биолошки татко, ќе ги направи сите ликови од оваа приказна да се соочат со минатото и да се обидат да го разберат и да си простат еден на друг.

0 Коментари

Остави коментари