ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД ПАРНО СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА НЕМА ДА ДОБИВААТ СМЕТКИ – МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ БИДАТ ИЗИГРАНИ
Foto

ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД ПАРНО СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА НЕМА ДА ДОБИВААТ СМЕТКИ – МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ БИДАТ ИЗИГРАНИ

Не запираат со протести исклучените од парно греење. И оваа сабота се собраа пред „Триумфалната порта“ да побараат од власта и од Регулаторна решавање на нивните проблеми со „Балкан енерџи груп“, кои и покрај ветувањата - уште не завршиле. Бараат од Регулаторна итно одземање на лиценцата на БЕГ за како што велат конечно да се расчисти со криминалот со парното греење во Град Скопје. Тврдат дека за шест години БЕГ преку сметките, незаконски наплатил над 20 милиони евра од над 20.000 домаќинства. Тврдат дека целиот криминал тежи преку 150 милиони евра. Најавија детална анализа и кривични пријави за повеќе субјекти.

- „Ние продолжуваме да се собираме овде. Прво имаме стотици судски процеси кои не престануваат со носењето на новите правила, туку напротив продолжуваат во судските лавиринти таму. Луѓето се чувствуваат изиграни дека имаме сознанија за судии кои не ги прифаќаат овие нови правила им ги враќаат назад. И овде продолжуваме бидејќи иако сметаме дека Регулаторна донела многу поповолни правила за нас, сепак има оставено една обврска за нас а тоа е да докажме дека живееме таму. Нормално дека живееме ние таму. На кого да му докажеме? Да докажеме на БЕГ, па ние со Бег немаме никаков договор. изјави Марјан Ненов - „Но Пасаран“.

Исклучените од парно се сомневаат и дека пак ќе бидат изиграни и дека и понатаму ќе плаќаат паушал. Тврдат БЕГ сакал да ги изигра и новите Правила со кои тие повеќе не треба да добиваат сметки. Бараат од премиерот метлата да заигра и во Регулаторна.

АНКЕТА: Исклучени од парно

- „Јас молам сега премиерот сега како што кажа, со метлата да фати и во регулаторна и секаде да среди се. Зошто јас од неговата уста слушнав во предизборна кампања дека ние исклучените од парно нема да плаќаме. Сега нека си го одржи зборот и нека исчисти се таму што е проивзаконско – вели Надежда Китановска, граѓанин.

- ,,Ова е криминал тежок, криминалци на криминалот. И судии се криминалци и адвокати и нотари. Од нивна страна се. Ова е жив криминал и жива пљачка. Јас не знам, шест години точно, ние сме оболени, нервно" – изјави Фиданка Жоглева, граѓанин.

- ,,Во однос на средствата кои граѓаните се должни да ги плаќаат врз основа на судските пресуди, вкупната сума за сите овие граѓани, според наши проценски се движи помеѓу 100 до 150 милиони евра" - Спасо Марковски, граѓанин.

Претседателот пак на Регулаторна, Бислимовски тврди дека ниту еден потрошувач кој бил исклучен до 31 март годинава нема да плаќа повеќе за топлинска енергија. Исклучок се становите кои се празни и никој не живее во нив. 

Инаку ова беше 225-ти протест на „Но пасаран“ за речиси 4 години. Велат ќе продолжат се додека не се одземе лиценцата на БЕГ, и не завршат судските процеси против грѓаните.

0 Коментари

Остави коментари