Искасапени кучиња во Аеродром
Foto

Искасапени кучиња во Аеродром

Крвава глетка на улиците во Аеродром ги вознемири граѓаните. Утринава жителите на оваа скопска населба беа ужаснати од искасапени бездомни кучиња. Трагите од крвта сведочат за дивеењето на засега непознати сторители. Телото на едно од кучињата, се уште облеано во крв беше снимено од нашата камера. Случајот е пријавен во министерството за внатрешмни работи, и оттаму информираат дека се работи на расветлување на крвавиот инцидент.

0 Коментари

Остави коментари