Исјановски: Подготвени сме неделно околу 5.000 граѓани да се вакцинираат
Foto

Исјановски: Подготвени сме неделно околу 5.000 граѓани да се вакцинираат

„Засега немаме значително зголемување на бројката на новозаболени, очекуваме на пристигнување на вакцините. Тимови имаме испратено во склоп на Клинички центар - Здравствен дом е подготвен. До овој момент околу 1.100 здравствени работници се вакцинирани, но и од внатрешноста од одредени болници се вакцинирани, оние кои се директно вклучени во Ковид лекување. ОД ЗД првично беа испратени екипите на Итна медицинска помош да се вакцинираат. Има критики, подготвени сме неделно околу 5.000 граѓани да се вакцинираат, што мислам дека е добра бројка. Штом стигнат вакцините, може да ги складираме, иммаме доволен број фрижидери. Покрај вакцинирањето во ЗД Скопје редовно ќе се одвива и вакцинирање на претшколки и школски деца“ - вели Виктор Исјановски – директор на ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари