Инвестициската програма на ЈПДП за годинава изнесува 16,010 милијарди денари
Foto

Инвестициската програма на ЈПДП за годинава изнесува 16,010 милијарди денари

авното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) годинава за инвестиции, отплата на кредити и трошоци планира средства во вкупен износ од 23.011.500.000 денари, покажува Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 на ЈПДП, објавена на веб страницата на државното претпријатие

Инвестициската програма на ЈПДП изнесува 16.010.500.000 денари.

По основ на изградба на патишта, осветлување, сигнализација, мостови, тунели, свлечишта и сопствено учество во инвестиции од странски кредити ЈПДП проектира 1.642.000.000 денари.

За изградба на патишта се планирани 1.075.000.000 денари, за осветлување и сигнализација 10.000.000, а за свлечишта и рехабилитација на мостови и тунели и други работи 235.000.000. Сопственото учество во инвестиции со странски кредити  на ЈПДП изнесува 322.000.000 денари, за инвестициско одржување на патишта  треба да се потрошат 726.000.000, за експропријација 300.000.000, за проектирање и надзор 618.000.000, за опрема и софтвер 6.000.000, а за набавка на механизација за одржување по Одлука на Влада се проектирани 180.000.000 денари.

За отплата на кредити и главница од земени кредити ЈПДП  годинава има трошоци од 4.550.000.000 денари.

Од странски кредити ЈПДП планира инвестиции во вредност од 12.538.500.000. Од тие средства 754 милиони денари се кредити од Светска Банка за реализација на проект за унапредување и развој на патишта. Кредитите од ЕБРД изнесуваат 8.784.500.000. Тука се вклучени проектот за електронскиот систем за наплата на патарини на Коридор 10  во износ од 123 милиони денари, проектот за изградба на национални патишта 4.369.500.000  денари, проектот за Штип Радовиш изградба на експресен пат 1.342.000.000  денари, за реконструкција и рехабилитација на делница Крива Паланка-Деве Баир (граница со Р.Бугарија) 400.000.000, за патарина на Коридор 8.600.000.000  како и за патот Букојчани – Кичево во износ од 900.000.000  декари и за Скопје – Блаце  во износ од 1.050.000.000  денари. Од кредитот од Ексим Банка  ЈДП ќе располага со три милијарди денари кои се наменети за изградба на автопат Кичево – Охрид.

Во 2021 година, според објавената годишна програма, е планирано да се остварат приходи во вкупна вредност од 10.293.000.000 денари.

Се планира зголемување на приходот од акцизата во однос на минатата година заради очекуваното зголемување на процентот од делот од акцизата кој се трансферира на ЈП за државни патишта, поради што приходот од делот од акцизата од деривати од нафта за 2021 година се планира да изнесува 4.650.000.000 денари.

Од надоместот за употреба на јавен пат, негов дел или објектот на патот (патарина), се очекува приход  од 3.550.000.000 денари. Вкупниот приход по тој основ е пресметан врз база на остварената фреквенција на сообраќајот по видови и категории на возила во 2020 година и остварените приходи од претходните години и согласно Одлуката за висината и начинот на наплата на патарина.

-Овој приход е зголемен во однос на 2020 година и претходните години поради тоа што на 28.10.2020 година отворена е нова наплатна станица кај Демир Капија, a до крајот на првото полугодие на 2021 година се очекува да бидат пуштени во употреба две нови наплатни станици на автопатот Миладиновци – Штип, стои во Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021.

Планираниот приход од надоместот за употреба на јавните патишта за моторни и приклучни возила (патна такса) што се плаќа при регистрација на возилата, пак, изнесува 2.050.000.000 денари.

Другите приходи од работењето во 2021 година се очекува да изнесуваат 43.000.000 денари, a се планира да се остварат од надоместоци што се плаќаат на магистралните и регионалните патишта.

Станува збор за надоместоци од поставување натписи и рекламни табли во заштитниот појас на државните патишта, приклучување на пристапен пат на државен пат, поставување на инсталации во трупот на патот, во патниот и заштитниот појас на државен пат, изградба и користење на комерцијални објекти на кои е дозволен пристап на државен пат надвор од населено место, прекумерно користење на пат, вонреден превоз, штета сторена на патот и објектите на патот и други.

0 Коментари

Остави коментари