Интервју со Атиџе Муратова: Сакам идните генерации да бидат посилни од мене
Foto

Интервју со Атиџе Муратова: Сакам идните генерации да бидат посилни од мене

Атиџе Муратова сиот живот го поминува во селото Бекирлија. Детсвото и било исполнето со многу игра и радост, тогаш имало повеќе жители, вели Атиџе за ТВ 24, па имала и другарки, со кои си играла со кукли кои самите ги правеле.

Од 2005 во селото остануваат само две куќи во кои има жители и двете семејства биле замерени една со друга. Кога нема никој во селото, Атиџе вели дека разговара со пчелите и со планините околу неа.

Подготвена е за Холивуд, сака да ги запознае поголемите глумци од неа. Фустанот за црвениот килим се подготувува и ќе биде во боите на пчелите, но, повеќе не ни открива. Очекува уште признанија за филмот, а посакува идните генерации, младите кои сега доаѓаат, да бидат посилни од неа.

0 Коментари

Остави коментари