Иницијативата за балкански „мини – шенген“
Foto

Иницијативата за балкански „мини – шенген“

По втората средба Заев - Рама - Вучиќ за иницијативата наречена мал шенген, во Охрид, балканските лидери негираа дека се работи за некаква нова Југославија, туку дека е ова акција за Балкан од 21-от век, балкан од кој нема да бегаат младите.

Регионалните лидери во Охрид постигнаа договор за „малиот шенген“, односно се согласија за конкретни мерки што ќе придонесат за развој и раст на трите земји, како и на другите земји од западен Балкан.

После состанокот во Охрид за т.н. „мал шенген“, премиерот Зоран Заев, рече дека состанокот бил од големо значење, и оваа иницијатива ќе донесе еден нов, модерен Балкан. Лидерот на косовскиот демократски сојуз Иса Мустафа го бојкотираше самитот во Охрид изјави дека политиките на „малиот шенген“ ги оддалечуваат земјите од Западен Балкан од патот на европските интеграции.

0 Коментари

Остави коментари