ИНИЦИЈАТИВА ЗА ТЕСТИРАЊЕ ОД НАРКОТИЦИ НА ПРАТЕНИЦИ И ФУКЦИОНЕРИ
Foto

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ТЕСТИРАЊЕ ОД НАРКОТИЦИ НА ПРАТЕНИЦИ И ФУКЦИОНЕРИ

Тест за наркотици од ДУИ, метла од ВМРО ДПМНЕ, од СДСМ и спикерот Џафери барање институциите да го решат случајот со пратеникот Павле Богиевски, откако пред два дена одекна аудио снимката за која тој тврди дека не купува кокаин како што стои на руската социјална мрежа, туку масло од канабис го крена нанозе собранието.

ДУИ преку иницијатива таканаречена ветинг - бара секој пратеник и функционер да се тестира за користење наркотици, велат ќе почнат од нивните редови но очекуваат поддршка од сите.

Тестирање на функционери поддржуваат и од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ утрово во Собранието дојде со метла, велат премиерот не треба да се мисли и прв да го смете пратеникот Богоевски. Од партијата најавија и покренување иницијатива за одземање на мандатот на пратеникот.

Од Алијансата за Албанците пак велат дека на нарко тест не треба да подлежат само функционерите и пратениците, туку и нивните најблиски членови од семејството. Конкретен одговор за иницијативата на ДУИ нема од нивниот коалициски партнер - од СДСМ само кусо ги повикаа институциите да си ја сработат работата. Од ЛДП без конкретни одговори за случајот – најавија дека ќе бараат легализација на марихуаната, но велат не било поврзано со Боегоевски.

Владата ја префрли топката во Собранието, собарнискиот спикер пак тврди нема основа за било каква постапка за пратеникот.

- „Вo овој момент нема основ за покренување на каква било постапка. Очекуваме дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот.“ - Собрание.

Богоевски денска осната без коемнтрар вчера случајот сам го пријави во полициската станица – освен себе си пријави и незаконско снимање.

Од обвинителството велат дека го чекаат полицискиот извештај за пратеникот Богоевски, а МВР работи на откривање на лицето кое ја направило снимката.

Снимката со наслов пратеникот 'Павле Богоевски нарачува кокаин', осамна на руска интернерт мрежа на профил под псевдонимот Илија Громовник.

0 Коментари

Остави коментари