Иницијатива за нов изборен модел со една изборна единица
Foto

Иницијатива за нов изборен модел со една изборна единица

Пратеничка иницијатива за една изборна единица - партиите се за измена на изборниот законик – но секој со сопствени барање. Помалите политички партии со иницијатива бараат наместо шест да има само една изборна единица. 12 пратеници од 10 партии и еден независен пратеник преку иницијатива бараат промена на изборниот модел, се залагаат за пропорционален изборен модел со една изборна единица, но бараат и да бидат вклучени во самиот процес на преговори. Измени сакаат и во албанскиот политички блок – но на предложената иницијатива гледаат со скептицизам. 

И додека 13-те народни избраници чекаат средба со лидерите на трите најголеми политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, но и собранискиот спикер Џафери - од БЕСА и Алијанса за Албанците велат и тие се за измена на изборниот модел – но не се во целост согласни со предложената иницијатива. 

Од движењето БЕСА бараат да се гласа во 3, а од партијата на Села во 8 изборни единици. Пратеникот Фадил Зендели побара да не се менува пропорционалниот изборен модел, но наместо затворени, вели Беса се залага за отворени листи. За отворени листи се и од Алијансата.  

Двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ иницјативата од 13-те пратеници се уште не ја разгледале, но и од власта и од опозицијата велат подготвени се да седнат на иста маса и да разговараат. 

Од СДСМ и денеска повторија дека тие се за 1 изборна единица со отоврени листи, од опозицијата пак велат - мнозинскиот изборен модел дава најсилна основа на пратеникот да биде вистински претставник на неговите избирачи. 

Коалициониот партнер на СДСМ пак не е за измена на изборниот модел. Од ДУИ велат за нив е добар постоечкиот со 6 изборни единици.

 

0 Коментари

Остави коментари