Инфективна клиника: Девојка со морбили и бронхопневмонија во критична состојба
Foto

Инфективна клиника: Девојка со морбили и бронхопневмонија во критична состојба

На Клиниката за инфективни болести една 16-годишна девојка која има морбили и бронхопневмонија е во животозагрозувачка состојба и е на механичка вентилација, а две деца и двајца возрасни се во потешка здравствена состојба како последица на заболувањето, информираа од таа јавна здравствена установа.

Од Клиниката посочуваат дека во изминатите 24 часа амбулатски биле прегледани четворица пациенти меѓу кои едно невакцинирано осуммесечно бебе од скопското село Шишево, четиримесечно бебе од Сарај и двајца возрасни од Чаир.

На Клиниката се хоспитализирани 35 пациенти од кои 14 возрасни и 21 дете. 

0 Коментари

Остави коментари