Индија го укина специјалниот статус на Кашмир
Foto

Индија го укина специјалниот статус на Кашмир

Индија го укина автономниот статус на Кашмир, а владата во Њу Делхи наведе дека се одлучила на ваков чекор поради безбедносни причини. Индиските власти веќе почнале со префрлање на 8.000 војници во регионот кои треба да бидат надполнување на 35 000 припадници на армијата кои веќе се наоѓаат таму.

Индиската полиција пак синоќа ги уапси сите позначајни лидери на регионалните партии, меѓу кои поранешниот главен министер на оваа држава како и лидерот на опозицијата.

Пакистан, кој го смета овој регион како дел од својата територијам, го осуди ваквиот потег на идниската влада, предупредувајќи дека ќе ги искористи сите мерки што му стојат на располагање за да се спротивстави на оваа, како што велат, илегална одлука.

0 Коментари

Остави коментари