ИНЦИДЕНТИ НА ПРОСЛАВАТА ЗА ПОБЕДАТА НА „ВАРДАР“ – ДВЕ ВОЗИЛА ИСКРШЕНИ, ПЕТ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ
Foto

ИНЦИДЕНТИ НА ПРОСЛАВАТА ЗА ПОБЕДАТА НА „ВАРДАР“ – ДВЕ ВОЗИЛА ИСКРШЕНИ, ПЕТ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ

Повредени и приведени. Искршени автомобили и говор на омраза. Ова е полицискиот билтен по вчерашната прослава на плоштадот по победата на Вардар.

Во полициска станица завршиле пет малолетници и едно возрасно лице. Дел од нив демолирале автомобили во центарот на градот, од кои еден бил на полицијата. Во инцидентите, се повредил осумнаесетгодишник, а со изгореници од пиротехника, завршила и една малолетничка.

Освен девијантното однесување, на површина излезе и говорот на омраза особено по етничка основа. А овој феномен, според познавачите, е огледало на аномалиите на општеството.

- „Оние кои се членови на навивачки групи тие го сакаат својот клуб и со срце навиваат, го бодрат на начин на којшто правилно се борди еден клуб, со пеење на песни кои што изобилуваат со поддршка на тој клуб, со бодрење на некој посебен играч, со песни кои имаат позитивен дискурс, а мал број навивачи кои што според нашите истражувања дел од нив се политички активни, предизвикуваат насилство и агресија. Тие се иницијатори и лесно ја поведуваат толпата...“ - изјави Татјана Стојаноска Иванова – Универзитетска професорка.

Голем број пријави за говор на омраза врз етничка основа стасале и до Хелсиншкиот комитет, од каде остро го осудија поттикнувањето на меѓуетничка нетрпеливост. А нашата држава предничи по појавата на овој негативен феномен, посочуваат познавачите и потенцираат дека неопходна е превенција, но и брзо санкционирање, по примерот на поразвиените земји.

- „Прво, имате кривичар којшто излегува на лице место за оние што го направиле инцидентот и одма го казнува затоа што тоа тој направил кривично дело, нема повикување на суд па одолговлечување инт, затоа велам потребна е промена на законската регулатива кај нас, и да се работи во контекст на ширење на интеркултурниот дијалог во спортот, што е тренд во Европа. “ - Татјана Стојаноска Иванова – Универзитетска професорка.

Со апел за достоинствен пречек на ракометарите излезе и Министерството за внатрешни работи, од каде велат дека секој обид за предизвикување на инцидент ќе биде најстрого санкциониран.

0 Коментари

Остави коментари