Инает помеѓу двајца возачи, причина за сообраќајка во Скопје
Foto

Инает помеѓу двајца возачи, причина за сообраќајка во Скопје

Небрежноста, но и инаетот во сообраќајот често завршува со тешки последици. Две млади лица утринава се здобија со тешки повреди и завршија на скопските клиники откако со своето возило се забиле во бандера со скопската населба Гази Баба.

Според првичните информации автомобилот марка БМВ обидувајќи се да избегне директен судир со друго возило од спротивниот правец, откако не му било довозолено да го претекне автомобилот пред него со поголема брзина удрил во бандера, по што колата се извртела и завршила на другата страна од колозовот. Двете лица чија возраст засега не се соопштува се тешко повредени, деовјакта велат полициските службеници од автомобилот била извлечена со помош на пожарникарите, но и момчето и девојката велат се во добра состјба. 

иако според инфорамциите од МВР бројот на сообраќајни несреќи во изминатиот период е намален, За само два дена во сообраќајни несреќи загинале две лица.во сообраќајна незгода во Прилепско, загина возач откако со автомобил излетал од патот, додека во сообраќајка на тетовскиот булевар „Маршал Тито“ загина една жена, повеќе од десетина пак беа повредени.

Сепак од МВР велат дека зголемен е бројот на полициските контроли.Според податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во 2018 година во земјава се случиле 4.534 сообраќајни незгоди во кои 129 лица го загубиле животот, а 6. 738 лица се повредени.

0 Коментари

Остави коментари