Имотната состојба на судиите и јавните обвинители ќе се проверува во 2020 година
Foto

Имотната состојба на судиите и јавните обвинители ќе се проверува во 2020 година

Имотите на судиите и јавните обвинители на тапет за чешлање кај антикорупционерите. По вчерашниот повик на премиерот Зоран Заев антикорупционерите денеска увиделе дека има основа за изготување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси во областа на правосудството појаснувајќи.

-Поготовката на Националната стратегија врз основа на анализата на ризици е во тек. Согласно утврдените ризици во споменатата анализа, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб, судиите и јавните обвинители, ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба за 2020 година, се наведува во соопштението на ДКСК.

Имотната состојба ќе се проверува преку податоците внесени во анкетните листови, а испитување ќе се врши доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство.

И додека Антиокорупциска прави план истарга на имотите на судиите, опизцијата со иницијатива да се прочешлаат и имотите на политичарите. На прес конференција иницираше и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски кој им предложи на истражните органи да почнат најпрвин од него но истото да важи и за сите останати политичари.

Денешното соопштение на антикорупционерите пак доаѓа како одговор на барањето на премиерот Зоран Заев по неговото видеообраќање за да се направи план за истрага на вработените во правосудството.

Она пак што веќе е познато е дека оваа година антикорупционерите веќе изготвија план за проверка на имотната состојба на членови на Владата, директори на јавни претпријатија но и парламентарците. А викендов претседателката на комсијата најави и дека отвориле предмет за бонусите на обвинителите во СЈО, дали се пријавени во нивните анкени листови.

0 Коментари

Остави коментари