Има ли притисоци кон средношколците за крај на бојкотот?
Foto

Има ли притисоци кон средношколците за крај на бојкотот?

Продолжува кризата на релација средношколци - министерство за образование, но сега се префрла директно и кон профресорите.

Матурантите тврдат дека секојдневно добиваат закани од страна на директорите и професорите во училиштата каде што бојкотираат. Ако бојкотирате ќе ве оставиме на класен испит, поведението ќе ви биде намалено, ќе паднете година, се само дел од заканите за кои се жалат на социјалните мрежи.

Секој ден имаме притисоци, закани и родителски средби. Закани од типот: педагошки мерки, исфрлање од школо, неоправдани. Навреди дека сме биле глупави и сите ќе сме паднеле матура и четврта година.

Од Сојузот на средношколци за ТВ 24 велат дека ги документираат заканите и истите ќе бидат доставени до надлежните институции. Министерката за образование и наука, Мила Царовска одлучно ги отфрла обвинувањата на учениците.

Царовска неколку пати повторува дека 14 илјади ученици пријавиле да го полагаат матурскиот испит оваа учебна година. Средношколците пак И РЕПЛИЦИРААТ-, тоа што сме пријавиле да полагаме поради законската рамка, крајниот рок и дата, не значи дека го поддржуваме моделот на државна матура оваа година.

 И покрај притисоците матурантите и денеска го продолжуваат бојкотот во над 15 градови низ земјава. Има исклучоци во градовите и училиштата, но сепак матурантите сметаат дека и денешниот бојкот на наставата е успешен.

Од Сојузот на средношколци за ТВ 24 велат дека следен чекор на матурантите е доставување барање до пратениците да се отвори јавна дебата во Собранието околу државната матура, со цел да бидат прифатени нивните барања, наместо четири да полагаат два предмети на матурскиот испит.

0 Коментари

Остави коментари