Има ли план Б државата за дивите депонии?
Foto

Има ли план Б државата за дивите депонии?

Процедурите одат бавно, кокретен план Б и решение за отпадот и дивите депонии во југозападниот регион сеуште нема а рокот на УНЕСКО до следната година нема да трпи пробивања.

Па така  Се поактуелно е прашањето како државата за една година ќе успее да ја затвори депонијата во Буково и дивата во Струга и каде ќе изгради регионална депонија ако идејата за таа да биде во Годивје е и пред целосно отфрлање откако надлежната комисија ја прифати жалбата на дебрчани дека одлуката за проектот била донесена во крајно нетранспарентна постапка. Институциите надлежни за оваа проблематика уверуваат дека решение ќе има, само е потребно време и трпение.

„Ние имаме план, работиме на дополнителни разработки на планот.Во блиска иднина ќе ве известиме за деталите. Јас ја разбирам итноста за решение затоа што свесен сум дека тоа треба да се направи час поскоро, но ве молам и вие разберете дека е потребно да се помине таа процедура, ние работиме со меѓународни фондови и средства и тие имаат одредени барања од нас кои ние мораме да ги задоволиме, работиме напорно на тоа и во блиска иднина ќе ве известиме." - вели Насер Нуредини министер за животна средина и просторно планирање.

Од УНДП велат дека најголем проблем е неинформираноста на граѓаните за значењето на регионалните депонии. Според нив кога јасно ќе им се објасни и тие ќе сфатат дека тоа е депонија која не ја загадува животната средина тогаш ќе има решение.

„Депонијата која лани ја изградивме во Гевгелија е веќе подготвена за да може да се стави во функција, обмислена е да биде од времена природа додека не се изгради регионална депонија. Ова е пример со кој ќе демонстираме и на другите општини и заедници за да им покажеме дека депонија која што е изградена и функционира според највисоки стандарди нема да биде штетна за животната средина.Само така ќе ги убедиме дека тоа не е ништо што ќе го загрози нивното секојдневно живеење." - вели Нарине Сахакјан УНДП.

Првичната идеја на ресорните министерства во соработка со Европските фондови беше југозападниот регион да добие голема современа регионална депонија во селото Годивје и таму да се транспортира отпадот од Струшката дива депонија и депонијата на Буково која е најголема и која е дел од забелешките на Унеско.

Но, ваквата идеја и проект доби остра осуда од жителите на оваа општина кои неколкупати излегоа и на протести, а последно преку жалба се обидоа целосно да го поништат проектот. Против таа идеја беа и екологистите кои пак се за тоа регионалната депонија да се локализира негде кај Кичево, а никако во сливно подрачје како охридското.

0 Коментари

Остави коментари