Има ли манипулации со добивките од игрите на среќа?
Foto

Има ли манипулации со добивките од игрите на среќа?

На само пет дена пред истекот на рокот за поднесување на Годишната даночна пријава, а по најавите за евентуални злоупотреби на туѓи матични броеви, а за кои веќе говоревме, со своја реакција и Управата за јавни приходи. 

Имено, УЈП ги потсетува граѓаните дека заклучно со 31. овој месец, истекува рокот за увид во претпополнетата Годишна даночна пријава за минатата година и дека заклучно даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок, преку своите кориснички профили, имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат.

По истекот на законскиот рок, на први јуни 2019 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава-потврдена или коригирана. На први јуни, службено, ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто не се ниту потврдени или коригирани од граѓаните.

Од УЈП потврда дека онаа даночна пријава којашто е корегирана од граѓанин, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на УЈП, но доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе биде донесено решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

Ова подразбира дека граѓаните се тие кои треба да извршат проверки во своите годишни пријави и доколку на нив забелжат некои нелогичности, односно суми за кои тие не можат да го потврдат потеклото, самите да пријават во Управата за јавни приходи. 

Од УЈП, засега, не информираат дали има граѓани кои пријавиле злоупотреби на даночна пријава и пари коишто потекнуваат од игри на среќа и за колкави износи се работи.

За скандалот со впишување на средства во туѓи даночни пријави свое видување има и првата директорка на Агенцијата за заштита на лични податоци Маријана Марушиќ- Кос. 

Според Законот за игрите на среќа и за забавните игри, добивката од игрите на среќа во  обложувалниците се остварува по приложување на важечка исправа за идентификација на добитникот, по што му се издава потврда за добивката, која треба да биде потпишана од обложувалницата и од добитникот. Обложувалниците преку ЕМБГ на добитникот, ја пријавуваат добивката во УЈП за да го платат персоналниот данок. Пријавувањето на добивката го прават преку својот информациски систем кој е поврзан со информацискиот систем на УЈП.  

Адвокатката Марушиќ-Кос вели дека реакцијата на одредени учесници во игрите на среќа во обложувалниците дека во нивната даночна пријава за плаќање на персонален данок е евидентирана добивка од игри на среќа, иако реално не ја добиле, создава сомнеж дека кај вработените во обложувалниците постои ниска свест за правото на заштита на личните податоци и дека веројатно не се доследни во почитувањето на законите. Таа потсетува дека вработените не смеат да исплаќаат добивка без да го утврдат идентитетот на добитникот, но и дека не смее да се врши исплата на добивка на лице, кое наместо да лична карта или патна исправа ќе издиктира, свој или туѓ, матичен број. Посочените примери претставуваат сериозна злоупотреба на личните податоци. 

Експертите препорачуваат преземање на мерки за заштита на податоците во информацискиот систем и користење на овие податоци единствено за целта заради којашто тие се собрани.

 

0 Коментари

Остави коментари