Илинден 2020-та: Спасовски, Османи и Ангеловска ќе положат цвеќе пред споменикот на Слободата во Скопје
Foto

Илинден 2020-та: Спасовски, Османи и Ангеловска ќе положат цвеќе пред споменикот на Слободата во Скопје

По повод државниот празник, Ден на Републиката – 2 Август Илинден 2020, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски ќе се обрати на свеченоста, која ќе започне со положување свежо цвеќе пред споменикот на Слободата - „Сила, слава и победа“ во 10:05 часот.   

Премиерот Спасовски на положувањето цвеќе ја предводи делегацијата која ја сочинуваат заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерката за финансии Нина Ангеловска.

Во продолжение на церемонијата, венци со свежо цвеќе на споменикот ќе положат и делегации на Претседателот на Република Северна Македонија, на Собранието на Република Северна Македонија, на Армијата на Република Северна Македонија, на Сојузот на борците, на дипломатскиот кор и на политичките партии.  

Со цел почитување на препораките од протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести, за заштита од коронавирусот КОВИД – 19, бројот на учесниците во настаните кои ќе се случуваат без традиционалната културно-уметничка програма и без масовни народни собири на граѓани е ограничен.

На свечениот дел на скопската тврдина, ќе претходи положувањето свежо цвеќе на спомениците на АСНОМ, и на спомениците на Никола Карев и Методија Андонов - Ченто, во центарот на Скопје, со почеток во 09:00 часот.

Владината делегација која ќе положи свежо цвеќе на овие спомен обележја ја предводи министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, во придружба на Музафер Бајрам, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите и Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина и просторно планирање.

0 Коментари

Остави коментари