Игор Спасов екстрадиран од Бугарија и однесен во „Идризово“
Foto

Игор Спасов екстрадиран од Бугарија и однесен во „Идризово“

Две недели откако министерството за правда испрати барање за екстрадиција, поранешниот полициски специјалец Игор Спасов, денеска беше спроведен во затворот „Идризово“ за да ја дослужи казната затвор за убиството на Мартин Нешкоски во 2011 година на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори. 

Екстрадицијата доаѓа откако на почетокот на февруари годинава, Спасов беше уапсен од бугарската полиција во Софија а по пријава за семејно насилство.  

Спасов е осуден на 14 години затвор. МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето поради што и му беше прекинато издржувањето на затворската казна. 

0 Коментари

Остави коментари