Игор Јанушев: Јанева треба да е во притвор
Foto

Игор Јанушев: Јанева треба да е во притвор

За два дена истекува 30 дневниот притвор кој судот им го изрече на популарниот Боки Тредичи и неговиот партнер Зоран Милески Кичеец, а Кацарска обвинителството и Зоран Заев се обидуваат да ја лажат целокупната домашна и меѓународна јавност дека тие двајцата се сами во целата политичко-обвинителска рекетарска афера. Дури ни мало дете веќе не им верува дека пријателот на Заев Боки е толку моќен за да може да тропне на која било врата и да бара рекет од милиони евра.

Четири недели не се проширува истрагата, иако сите слушнавме како Зоран Заев бил информиран за се и како ја менаџирал работата, а Катица Јанева како порачува да нема секирации, бидејќи ќе биде се во ред. Додека се форматираат и бришат телефони и компијутери, а Русковска одмара заедно со Јанева, а истрагата за милионските рекети ја водат медиумите и јавноста.

Медиумите вчера објавија уште еден фрапантен податок, а тоа е дека Зоран Милески Кичеец бил заштитен сведок во случајот Империја. Јавно прашуваме дали е ова точно? Дали на човекот кој е осомничен за рекет, од страна на СЈО му бил доделен статус на заштитен сведок?

Јанева наместо на плажа треба да заврши во притвор. Таа е личноста без кој овој рекет не би бил воопшто можен. Дополнително истрагата мора да се продолжи и кон нарачателите во власта, за кои веќе подолг период пишуваат македонските медиуми.“ - изјави Игор Јанушев.

0 Коментари

Остави коментари